Бр.11-343/4
Од 05.06.2024
Врз основа на член 62 став 10 и член 35 став 3 од Законот за урбанистичко планирање(СЛ. Весник на РСМ бр. 32/20), Општина Пехчево го донесува следното:
СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА
Се става на увид на јавноста Урбанистички проект за инфраструктура со намена Е1.8 водови за пренос на електрична енергија – изградба на 10(20) КВ кабелски вод и компактно бетонска трафостаница( КБТС) 10/0,4 КВ. Со приклучна точка на постоечки 10КВ кабелски вод Рамна Река од тс 35/10кв Пехчево, општина Пехчево.
Јавниот увид Урбанистички проект за инфраструктура со намена Е1.8 водови за пренос на електрична енергија – изградба на 10(20) КВ кабелски вод и компактно бетонска трафостаница( КБТС) 10/0,4 КВ. Со приклучна точка на постоечки 10КВ кабелски вод Рамна Река од тс 35/10кв Пехчево, општина Пехчево ќе се спроведе со објава на планот на на официјалната web страна на општина Пехчево www.star.pehcevo.gov.mk
Јавниот увид ќе трае 20 дена од објавувањето на соопштението почнувајќи од 05.06.2024 год.
Во споменатиот период заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да достават писмени забелешки, предлози и анкетни листовидо општина Пехчево.
Градоначалник :
Александар Китански с.р.