Бр.11-1349/3
Од 27.12.2023
Врз основа на член 62 став 10 и член 35 став 3 од Законот за урбанистичко планирање(СЛ. Весник на РСМ бр. 32/20 ), Општина Пехчево го донесува следното:
СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА
Се става на увид на јавноста Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.8 – Инфраструктури за пренос на електрична енергија, подземен 10( 20) КВ кабелски вод за поврзување ФВЕ Енергоинвест Груп, КО Пехчево, општина Пехчево
Јавниот увид на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.8 – Инфраструктури за пренос на електрична енергија, подземен 10( 20) КВ кабелски вод за поврзување ФВЕ Енергоинвест Груп, КО Пехчево, општина ќе се спроведе со објава на планот на на официјалната web страна на општина Пехчево www.star.pehcevo.gov.mk
Јавниот увид ќе трае 20 дена од објавувањето на соопштението почнувајќи од 27.12.2023 год.
Во споменатиот период заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да достават писмени забелешки, предлози и анкетни листовидо општина Пехчево.
Градоначалник :
Александар Китански с.р.