Се известуваат граѓаните на општина Пехчево дека согласно на најавите на Хидрометеоролошкиот завод на Р.Македонија во претстојниот период следува време на ниски температури, појава на голомразица и врнежи од снег со што се зголемува опасноста од отежнато движење на пешаците и одвивање на сообраќајот по јавните површини, тротоари, улици и патишта. По горенаведеното подразбира потреба од редовно чистење на снегот од објектите на комуналната инфраструктура, јавните површини, локални улици и патишта.
Зимското одржување на локалните улици и патишта се врши согласно на одредбите на Законот за јавни патишта, Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, Законот за јавна чистота, Законот за заштита и спасување и Законот за управување со кризи и соодветно на истите, општината донесува Програма за зимско одржување на локални улици и патишта.
Општина Пехчево ја информира јавноста дека согласно на Програмата за зимско одржување на локални улици и патишта за сезоната 2017/2018 година, чистењето на коловозните површини на локалните улици и патишта ќе го врши ЈКП. ,, Комуналец “ – Пехчево во склад со Договор. Исто така општина Пехчево ја потенцира обврската на институциите на локално ниво, претпријатија, граѓани сопственици или корисници на делови од згради или згради/простории (продавници, ресторани, кафе барови и сл.) како и граѓаните сопственици на индивидуални стамбени објекти за расчистувањето на снегот и мразот од тротоарските површини и приодни места до своите објекти.
Надзорот врз зимското одржување на локалните улици и патишта и др.јавни површини и објекти на комуналната инфраструктура на територијата на општина Пехчево ќе го вршат органите на општина Пехчево и Одделот за контрола и регулирање на сообраќајот при МВР.