Соопштение за јавноста
Пријавување на штети на земјоделски насади од елементарна непогода
Општина Пехчево ги повикува граѓаните кои сметаат дека елементарната
непогода (пороен дожд и град) што ја зафатија општината на ден 24.06.2024 им имаат
нанесено материјална штета на нивните имоти и земјоделски насади, да пријават во
просториите на општина Пехчево.
Пријавувањето на штетите може да се изврши секој работен ден од 07:30 до
15:30 часот заклучно со 05.07.2024 година (петок), во општина Пехчево. За подетални
информации за пријавување на штетите, лице за контакт од општина Пехчево е
Моника Шехтанска.
Барањето за настанати штети можете да го превземете и по електронски пат
преку пополнување на Пријавата за излез на лице место која може да ја превземете
подолу.
Барањата ќе бидат обработени од страна на Комисијата и ќе биде изготвен
првичен извештај, кој ќе биде проследен до Влада на РСМ.
Покрај барањето за излез на лице место, треба да се достави:
* копија од лична карта за користење на потребните лични податоци;
* копија од трансакциска сметка на барателот;
* изјава дека имотот не е осигуран;
* доказ за основ на користење на земјиштето (копија од имотен лист, копија од
решение за запишување на земјоделско стопанство во Единствениот регистар на
земјоделски стопанства издадено од МЗШВ, копија од договор за закуп).
Општина Пехчево
Градоначалник
Александар Китански
____________________
Пријавата може да ја симнете на следниов линк –