Врз основа на член 48 точка 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр.05/02), и член 21 алинеја 5 од Статутот на општина Пехчево (Сл. Гласник на општина Пехчево бр.03/2021), jaсвикувам седмата седница на Советот на општина Пехчево за ден 14.06.2022 година (вторник).Седмата седница на советот на општина Пехчево ќе се одржи во просториите на ООУ ,,Ванчо Китанов,,- Пехчево, со почеток во 15:00 часот. За работа на седницата го предлагам следниот:
ДНЕВЕН РЕД
- Усвојување на записникот од шестата седница на советот на општина Пехчево;
- Предлог одлука за усвојување на измени и дополнувања на буџетот на општина Пехчево за 2022година (ребаланс);
- Предлог oдлука за определување на начинот на распределба и цената за користење напросторот на плоштадот за вршење на дејности за време на Фестивалот на дувачки оркестри Пехчевски Павловден – 2022 година;
- Предлог одлука за усвојување на тримесечен Извештај за финансиското работење на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за период од 01.01.2022 – 31.03.2022 година;
- Предлог одлука за усвојување на одлуката од УО на ЈКП ,,Комуналец,,- Пехчево, за изменување и дополнување на Статутот на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;
- Предлог одлука за усвојување на годишен извештај за спроведување на утврдените тарифи – водоснабдување за 2021 годинана ЈКП Комуналец-Пехчево;
- Предлог одлука за усвојување на годишен извештај за спроведување на утврдените тарифи – собирање и одведување на урбаниотпадниводи за 2021 годинана ЈКП Комуналец-Пехчево;
- Предлог одлука за определување на локација за третман и отстранување на инертенотпад (градеженшут) на подрачјето на општина Пехчево;
- Предлог одлука за верификација намандат на член на Советот на општина Пехчево;
- Предлог одлука за усвојување на развоен план на ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево за период од 2022 – 2026 година;
- Oдлука за давање согласност за формирање паралелкиод I до IX одделение сопомалку од 20 ученициво ООУ ,,ВанчоКитанов,, – Пехчево и подрачните училишта за учебната 2022/2023година;
- Предлогoдлука за усвојување на годишен план за вработување во ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево за 2023 година;
- Барања од граѓани;
- Советнички прашања;
- Тековни активности;
Се покануваат сите угостители кои сакаат да земат под закуп површина на плоштадот за поставување на урбана опрема (маси и столови) да присуствуваат на седницата!!!
Совет на општина Пехчево
Претседател
Виолета Ѓорѓиевска