Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување на Проектна Програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.8 – Инфраструктури за пренос на електрична енергија, за подземен кабелски вод за приклучок на ФВЕ Ал-Дарив 1 и ФВЕ Ал-Дарив 2 со постоечка трафостаница на КП 1149, КО Пехчево и КО Чифлик, Општина Пехчево, согласно законот и по предлог за одобрување на Проектната програма од Комисијата за урбанизам формирана од Градоначалникот на општина Пехчево, со Решение за формирана бр.03-64/1 од 14.01.2022 година, а врз основа на член 62 став 3 од Законот за урбанистичко планирање (Службен весник на РСМ бр. 32/20), го издава следното:
РЕШЕНИЕ
Се одобрува Проектна Програма, поднесена со барање број 11-1390/1 од 27.11.2023 година, за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.8 – Инфраструктури за пренос на електрична енергија, за подземен кабелски вод за приклучок на ФВЕ Ал-Дарив 1 и ФВЕ Ал-Дарив 2 со постоечка трафостаница на КП 1149, КО Пехчево и КО Чифлик, Општина Пехчево изработена од РЕСУРС ЛТДИ дооел Кавадарци со Тех. бр. 163/23 од ноември 2023 год.
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
Барателот РЕСУРС ЛТДИ дооел од КАВАДАРЦИ до Комисијата за урбанизам формирана од Градоначалникот на Општина Пехчево, поднесе барање за одобрување на Проектна Програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.8 – Инфраструктури за пренос на електрична енергија, за подземен кабелски вод за приклучок на ФВЕ Ал-Дарив 1 и ФВЕ Ал-Дарив 2 со постоечка трафостаница на КП 1149, КО Пехчево и КО Чифлик, Општина .
Со барањето ја приложи следната документација и докази:
- Предлог проектна програма
- Услови за планирање на просторот
Градоначалникот на Општина Пехчево по извршениот увид во приложената документација со барањето и предлогот за одобрување од Комисијата за урбанизам констатира дека барањето е основано и се исполнети условите од Законот за урбанистичко планирање (Службен весник на РСМ бр. 32/20). Врз основа на тоа, а согласно член 62 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање донесе решение како во диспозитивот.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО:
Против ова Решение, барателот може да изјави жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на одобранието до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот.
Жалбата се таксира со 250,00 ден. административни такси.
Градоначалник :
Александар Китански