ОБЈАВАбр.2/2021
ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ВО СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ВО ОПШТИНА ПЕХЧЕВО
за изградба на објекти со намена A4 – (времено сместување – Викенд куќи) , во туристичката населба „Равна Река“, во Пехчево, Општина Пехчево
ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Северна Македонија, предвидено со: Урбанистичкиот план вон населено место за Туристички локалитет „Равна Река“,Општина Пехчево донесен со одлука бр.07-1426 од 06.09.2013 година, согласно табеларен преглед , во кој се дадени податоци за градежните парцели, број на катастерските парцели опфатени со градежните парцели, намените, максимална висина на катност,вкупна површина на градежната парцела,процентот на изграденост,коефициентот на искористеност,максимална површина за градење,бруто развиена површина и банкарска гаранција за сериозност на понудата во изност од 100% до 500% од вкупната цена на градежното земјиште.