Бр. 09-257/1
од 20.02.2024 година
Пехчево
Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување на Проектна програма за изработка на Урбанистички Проект За Инфраструктура Со Намена Е1.8 Водови За Пренос На Електрична Енергија – Изградба На 10(20) Кв Кабелски Вод, Општина Пехчево согласно законот од Комисијата за урбанизам формирана од Градоначалникот на општина Пехчево, со Решение за формирана бр. 09-73/1 од 15.01.2024 година, а врз основа на член 62 став 3 од Законот за урбанистичко планирање (Службен весник на РСМ бр. 32/20), го издава следното:
РЕШЕНИЕ
Се Одобрува Проектна Програма, За Изработка На Урбанистички Проект За Инфраструктура Со Намена Е1.8 Водови За Пренос На Електрична Енергија – Изградба На 10(20) Кв Кабелски Вод, Општина Пехчево, Поднесена Со Барање Број 11-220/1 Од 12.02.2024 година , Со Тех. Бр. 52/23 Од Фебруари 2024год.
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
Барателот Друштво за градежништво, архитектура, проектирање, инженеринг и дизајн СТУДИО АТРИУМ – ДОО Штип, До Комисијата За Урбанизам Формирана Од Градоначалникот На Општина Пехчево, Поднесе Барање За Одобрување на Проектна Програма Урбанистички Проект За Инфраструктура Со Намена Е1.8 Водови За Пренос На Електрична Енергија – Изградба На 10(20) Кв Кабелски Вод, Општина Пехчево
Со барањето ја приложи следната документација и докази:
- Предлог проектна програма
- Услови за планирање на просторот
Градоначалникот на Општина Пехчево по извршениот увид во приложената документација со барањето и предлогот за одобрување од Комисијата за урбанизам под бр. 11-220/2 од 12.02.2024 година, констатира дека барањето е основано и се исполнети условите од Законот за урбанистичко планирање (Службен весник на РСМ бр. 32/20). Врз основа на тоа, а согласно член 62 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање донесе решение како во диспозитивот.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО:
Против ова Решение, барателот може да изјави жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на одобранието до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот.
Жалбата се таксира со 250,00 ден. административни такси.
ГРАДОНАЧАЛНИК:
Александар Китански