бр.09-635/2
23.07.2024
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Согласно Уредбата за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина („Сл. Весник на РМ” бр. 147/08 и 45/11) член 8 и Архуската Конвенција општината ја вклучува јавноста за нејзино учеството во јавна расправа.
Се известуваат сите правни и физички лица дека нацрт ИЗВЕШТАЈОТ ЗА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ЗА УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА НЕКЛАСИФИКУВАНА ИНФРАСТРУКТУРА СО НАМЕНА Е3.1 –ЛОКАЛНA ДЕПОНИJA ЗА ОДЛАГАЊЕ НА НЕОПАСЕН ОТПАД – ДЕПОНИЈА ЗА КОМУНАЛЕН ОТПАД, ОПШТИНА ПЕХЧЕВО – Нацрт извештај, ќе биде ставен на ЈАВЕН УВИД во време траење од 30 дена почнувајќи од 24.07.2024 до 25.08.2024 година.
Во наведениот временски период заинтересираните физички лица и правни субјекти можат да доставуваат забелешки и сугестии по електронски пат на opstina_pehcevo@t-home.mk или по пошта : општина Пехчево ул. Равен бр. 8
Нацрт извештајот за стратегиската оцена на влијание врз животната средина ќе биде објавен на web страната на општината и изложен во општна Пехчево во одделението за ЛЕР и заштита на животната средина секој работен ден од 07,30 – 15,30 часот во периодот од 24.07.2024 до 25.08.2024 година
Градоначалник:
Александар Китански