Врз основа на член 17 од Законот за младинско учество и младински политики ( „Службен весник на РСМ“ број 10/2020 ) и член 12- г од Статутот на Општина Пехчево ( „Службен гласник на Општина Пехчево“ 03/2021), Градоначалникот на Општина Пехчево распишува:
Јавен повик за формирање иницијативен одбор
Иницијативниот одбор е неформална група која има цел да се консултираат младите и да се застапат нивните интереси во креирањето на Советот. Бројот на членови во Иницјативниот одбор е пет и единствено тие членови имаат улога да го формираат Локалното собрание за млади. Времетраењето на ИО е краткорочно и завршува со свикување на првото Локално собрание на млади. Општината е задолжена за нивна селекција и работата на истото се координира и помага од службеникот/ ката за млади во Општината.
Улога и задачи на Иницјативниот одбор:
- Поддршка на Општината во креирањето или ревидирањето на актите и одлуките кои го утврдуваат формирањето и работата на ЛМС;
- Распишување на повик за Конститутивно локално собрание на млади во согласност со Стаутот на Општината по принципот на јавност и транспарентност;
- Соработка со Општината при организација и одржување на Конститутивно собрание за млади;
Во ИО може да членуваат младински организации, организации за млади, политички подмалдоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување кои работат и функционираат на територијата на Општината и сакаат да учествуваат во основањето на Советот.
Задолжителни документи:
- Портфолио на организацијата/групата/здружението;
- Годишна програма за работа;
- Извештај за активности со млади во изминатата година;
- Писмо за номинација за член во Иницјативниот одбор и контакт – информации;
- Кратко мотивациско писмо од страна на номинираниот член и кратка биографија;
Начин на пријавување: Пријавите за членство во ИО на Општина Пехчево се поднесуваат електронски на e-mail: opstina_pehcevo@t.mk или во Архивата на Општина Пехчево, секој работен ден од 7.30 до 15.30 часот, како и по пошта на адреса: Општина Пехчево, ул. „Равен“ бр.8, 2326 Пехчево, со назнака „Апликација за членство во ИО на Општина Пехчево“.
Рокот за пријавување е заклучно со 12.02.2024 година.
За повеќе информации околу повикот може да се обратите на e-mail: elica.jovevska@yahoo.com и на телефонскиот број 075-231-515 кај административниот службеник Елица Јовевска.
Општина Пехчево |
Градоначалник
с.р. Александар Китански
|