Се повикуваат сите:
1.1 Евидентираните невработени лица кои потешко се вклучуваат на
пазарот на трудот и
1.2 Сите евидентирани невработени лица кои активно бараат работа кои своето вработување сакаат да го реализираат преку Програмата Општинско-корисна работа, проект “Патронажна служба за помош и нега на стари и изнемоштени лица во домашни услови во општина Пехчево”, да се пријават во Подрачната канцеларија на АВРМ, Центар за вработување во Пехчево каде редовно се евидентираат како невработени лица, за работно ангажирање со скратено работно време за нега на стари и изнемоштени лица во домашни услови заради стекнување на одредени вештини и постепено вклучување на пазарот на труд.
Целна група на проектот се невработени лица – активни баратели на работа со следните кавалификации:
· Невработени лица со статус на активен барател на работа,ССС, медицинска сестра или фармацевтски техничар, со или без работно искуство и
· Невработени лица со статус на активен барател на работа,минимум основно образование, со или без работно искуство за нега на стари лица.
Избраните лица ќе бидат ангажирани од страна на општина Пехчево за извршување на Општинско–корисна работа за период од 6 месеци (01.06.2015 год. – 30.11.2015 год.) во сите населени места на територијата на општина Пехчево (во Пехчево, с.Негрево, с.Црник, с.Панчарево, с.Чифлик, с.Умлена и с.Робово).
Лицата кои ќе бидат вклучени во Програмата Општинско-корисна работа од точка 1.1 и 1.2 ќе бидат ангажирани со 20 работни часа неделно со паричен надоместок во износ од 6.200 денари по лице, со вклучен персонален данок.
За време на работниот ангажман од 6 (шест) месеци статусот на невработените лица останува непроменет, односно невработените лица – корисници на социјална помош за времетраењето на работниот ангажман ќе го задржат правото на користење на социјална помош.
Сите заинтересирани лица Пријави по Јавниот оглас може да подигнат и поднесат во Подрачната канцеларија на АВРМ, Центар за вработување во Пехчево во периодот од 15.05.2015 година до 22.05.2015 година од 08:00 до 16:00 часот.
Договорите со избраните лица ќе бидат потпишани на 29.05.2015 година. Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу општина Пехчево и избраните кандидати.
Детални информации за Јавниот оглас можат да се превземат од тука: