Врз основа на член 50 став 1 точка 9 од Законот за локалната самоуправа(Службен весник на Република Македонија бр.5/2002) , член 12 став 3 од Законот за библиотеки (Службен весник на Република Македонија бр.66/04,89/08,116/10,51/2011,88/15,152/15 и 39/16) и член 22 и член 23 од Законот за работните односи-Пречистен текст (Службен весник на Република Македонија бр.167/2015) а согласно член 17 и 18 од Статутот на Општинска Установа Матична Библиотека “Кочо Рацин“ Пехчево со број 01-36/2 од 10.05.2018 година и Одлуката за распишување на Јавен конкурс за избор на на Директор на Општинска Установа Матична Библиотека “Кочо Рацин“ Пехчево со број 08-1265/1 од 30.07.2020 година, Градоначалникот на Општина Пехчево распишува
ЈАВЕН КОНКУРС
За избор на директор на Општинска Установа Матична Библиотека “Кочо Рацин“ Пехчево
Директорот се избира со мандат од четири(4) години.
Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат општите услови утврдени со Закон како и посебните услови предвидени во Стаутот на Општинска Установа Матична Библиотека “Кочо Рацин“ Пехчево со архивски број 01-36/2 од 10.05.2018 година и тоа:
Општи услови
-Да е државјанин на Република Северна Македонија;
-Во моментот на избирањето со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна или прекршочна санкција или забрана за вршење на професија, дејност или должност;
-Да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен високо образование;
– Да има општа здравствена способност за работното место
-Да има минимум пет години работен стаж во областа на културата или пет години работно искуство на работи или проекти од областа на културата врз основа на склучени договори на дело;
Посебни услови
-Предлог програма за работа и развој на библиотеката за период од 4 (четири)години;
-Да има еден од следните меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англиски јазик не постар од пет години:
-ТЕОФЕЛ ИБТ-најмалку 74 бода;
-ИЕЛТС(IELTS)-најмалку 6 бода;
-ИЛЕЦ(ILEC)(Cambridge Englisha:Legal)-најмалку Б2(В2) ниво;
-ФЦЕ(FCE)(Cambridge English:First)-положен;
-БУЛАТС(BULATS)-најмалку 60 бода;
-Директорот кој е именуван во периодот од денот на влегувањето во сила на Законот за именување и дополнување на Законот за култура(Службен весник на Република Северна Македонија бр.11/18), е должен да го исполни условот за познавање странски јазик најдоцна во рок од една (1)година од денот на неговото именување.
Директорот кој нема да го исполни условот за познавање на странски јазик во рокот утврден во став 1 на овој член му престанува мандатот.