ИЗВЕСТУВАЊЕ
за достапност на документ
Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА) за
Рехабилитација на постоечки улици „Илинденска“, „Даме Груев“ и „Индустриска“ во општина Пехчево
во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ
Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Пехчево аплицираше со проект за Рехабилитација на постоечки улици „Илинденска“- со крак од ул.„ Мирче Ацев“; „Даме Груев“ и „Индустриска“ во градот Пехчево.
Согласно барањата на Светска Банка беше подготвен документ “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на Проектот.
Документот “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” ќе биде ставен на јавен увид на официјалните веб страници на: Министерството за транспорт и врски (http://www.mtc.gov.mk) и на Општина Пехчево (http://www.star.pehcevo.gov.mk/) на 09.04.2021.
ФОРМУЛАР ЗА ДОСТАВУВАЊЕ КОМЕНТАРИ И ПРЕДЛОЗИ
КОНТРОЛНА ЛИСТА НА ПЛАН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И СОЦИЈАЛНИТЕ АСПЕКТИ