Министерството за животна средина и просторно планирање ја известува заинтересираната јавност дека во рамките на ИПА проектот: “Изработка на проектни студии (Студија за изводливост, Оцена на влијание врз животната средина, Анализа на трошоци и добивки) и проектна документација за воспоствување на систем за интегрирано управување со отпад во Источен и Североисточен регион“ реф. бр. EuropeAid/136070/IH/SER/MK, ја достави Студијата за оцена на влијание врз животната средина “Воспоствување на систем за интегрирано управување со отпад во Источен и Североисточен регион“ и истата е достапна за увид.
Јавната расправа по Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проектот: “Воспоствување на систем за интегрирано управување со отпад во Источен и Североисточен регион“ ке се одржат на 12 јуни 2017 година (понеделник), во салата “Бизнис Инкубатор“ во Берово со почеток во 12.00 часот.