Градоначалник

  Александар Китански Градоначалник на Општина Пехчево

 

Надлежности на градоначалникот

  • Ја претставува и застапува општината;
  • Ја контролира законитоста на прописите на советот;
  • Ги објавува прописите на советот во службено гласило на општината;
  • Го обезбедува извршувањето на одлуките на Советот;
  • Го обезбедува извршувањето на работите коишто со закон и се делегирани на Општината;
  • Иницира и предлага донесување на прописи од надлежност на Советот;
  • Го предлага годишниот буџет и годишната сметка на буџетот на Општината;
  • Го извршува буџетот на општината;
  • Избира директори на јавни служби кои ги основала Општината врз основа на јавен конкурс;
  • Редовно го известува Советот за извршувањето на своите надлежности во согласност со Статутот;
  • Решава за управни работи за права, обврски и интереси на правни и физички лица во согласност со законот;
  • Донесува правилник за систематизација на работните места на општинската администрација;
  • Раководи со општинската администрација;
  • Одлучува за вработувањето, правата, должностите и одговорностите на вработените во општинската администрација доколку поинаку не е определено со закон;
  • Обезбедува правилно и законско користење, одржување и заштита на сопственоста на општината во согласност со законот и со Статутот;
  • Врши и други работи утвдени со законот и со Статутот.

 

Биографија (CV) на градоначалникот

Александар Китански е роден на 25.07.1978 година во Кочани. Основно образование завршил во ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево, средно образование завршил во СУГС „Браќа Миладиновци“ – Скопје како ветеринарен техничар. Дипломирал на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје и се стекнал со звање Доктор по ветеринарна медицина.

Китански има долгогодишно работно искуство како Доктор по ветеринарна медицина. За прв пат се вработува во 2011 година во Бе – Вет – Берово, па се до денеска. Од 2017-2021 дава свој придонес за значително подобрување на условите за живот во општина Пехчево како член на Советот на општина Пехчево.

Учествувал на повеќе семинари и курсеви и активно ги користи информатичко – комуникациските технологии. Важи за млад и динамичен менаџер со европски кодекс на однесување. Тој е семеен човек, сопруг и татко на едно дете.

Општина Пехчево © 2013 - 2020 Сите права се задржани | Hosting and Development by MSP Myserverplace