ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И РАСПРАВА
ПО
Нацрт извештај за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за Урбанистички план за подрачја и градби од државно значење за уредување на земјиште за група на класа на намена Е1 = инфраструктура, Е-1.13 Површински соларни и фотоволтаични електрани (над 10MW) КО Негрево и КО Црник, Општина Пехчево
Се известуваат граѓаните, правните и физички лица дека се организира Јавна презентација и расправа за Нацрт извештај за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за Урбанистички план за подрачја и градби од државно значење за уредување на земјиште за група на класа на намена Е1 = инфраструктура, Е-1.13 Површински соларни и фотоволтаични електрани (над 10MW) КО Негрево и КО Црник, Општина Пехчево.
Јавната презентација и расправа на Извештајот за стратегиска оцена на животната средина ќе се одржи на ден 23.01.2024 година (вторник) во 12:00 часот, во просториите на општина Пехчево.
Одлуката за спроведување Стратегиска оценка на влијание врз животната средина од Урбанистички план за подрачја и градби од државно значење за уредување на земјиште за група на класа на намена Е1 = инфраструктура, Е-1.13 Површински соларни и фотоволтаични електрани (над 10MW) КО Негрево и КО Црник, Општина Пехчево, е дoнесена на 28.11.2023 година и може да се погледне на следниот линк:http://mtc.gov.mk/Sozzs/1-120 и http://mtc.gov.mk/Sozzs/1-126.
Нацрт Извештајот за Стратегиска оценка на влијание врз животната средина од Урбанистички план за подрачја и градби од државно значење за уредување на земјиште за група на класа на намена Е1 = инфраструктура, Е-1.13 Површински соларни и фотоволтаични електрани (над 10MW) КО Негрево и КО Црник, Општина Пехчево, беше објавен на 04.01.2024 година на web страната на Министерството за транспорт и врски ( http://mtc.gov.mk/Sozzs/1-130 ) и се уште може да се погледне на истиот линк.
Министерството за транспорт и врски ја информира заинтересираната јавност дека до 05.02.2024 година сите заинтересирани можат да ги доставуваат своите забелешки, мислења и сугестии до Министерството за транспорт и врски, ул. Плоштад Црвена Скопска Општина бр.4, 1000 Скопје, или на електронските адреси на Министерството за транспорт и врски:aleksandar.karangelov@mtc.gov.mk, vesna.markovska@mtc.gov.mkиaleksandra.jovikj@mtc.gov.mk.