Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со општините Берово и Пехчево, Ве поканува на Јавна расправа по Нацрт-Одлука за прогласување на дел од Малешево за Заштитен предел.
Јавната расправа ќе биде организирана on line на ЗООМ платформата на 02.09.2021 година (четврток), со почеток во 11:00 – 13:30 часот.
Заради транспарентост во постапката и вклучување на локалното население ќе се врши ре-продукција во живо на јавната расправа во Општините Берово и Пехчево. Локалното население ќе може да ја следи и учествува во јавната расправа преку видео бим кој ќе биде поставен во Општина Берово во дворот на детската градинка ОУДГ “23 Август” како и во општина Пехчево во дворот на Едукативниот центар за зачувување на природата во Негрево. На овие локации ќе бидат почитувани КОВИД мерките пропишани од Владата на Република Северна Македонија.
Нацрт-Одлуката е објавена на Единствениот национален електронски регистар на прописи во Република Северна Македонија (www.ener.gov.mk) како и на веб страната на Министерство за животна средина и просторно планирање (www.moepp.gov.mk).
Коментари/мислења/сугестии по Нацрт-Одлука за прогласување на дел од Малешево за Заштитен предел може да доставите писмено до Министерство за животна средина и просторно планирање на следнва поштенска адреса: Плоштад „Пресвета Богородица“ бр. 3, 1000 Скопје како и на следнава емаил адреса infoeko@moepp.gov.mk, најкасно 10 дена по одржување на јавната расправа.
Ве молиме Вашето учество на јавната расправа да го потврдите на следната електронска адреса најдоцна до 31.08.2021(вторник): skj.mzspp@gmail.com или кај Дијана Соколовска на: +389 76 233 020.
Канцеларија за комуникација со јавност
ДНЕВЕН РЕД
2 Септември, 2021 година
ЗООМ Платформа Join Zoom Meeting Meeting ID: 868 4929 1529 Passcode: 849469 |
|
11:00 – 11:10 | Отварање на Јавната расправа
Модератор |
11:10 – 11:15 | Обраќање на претставник од Министерство за животна средина и просторно планирање |
11:15 – 11:20 | Обраќање на Градоначалник на Општина Берово
|
11:20 – 11:25 | Обраќање на Градоначалник на Општина Пехчево |
11:25 – 11:30 | Обраќање на претставник на ЈП Национални Шуми |
11:30 – 11:55 | Природни вредности, категорија на заштита, предлог граници и предлог зони на Заштитен предел – Малешево
Претставник од Македонско еколошко друштво, изготвувач на Студијата за валоризација на природните вредности на Малешевски Планини и Влаина со предлог за формирање на Заштитен предел- Малешево (2021) |
11:55 – 12:10 |
Постапка за прогласување на дел од Малешево за заштитено подрачје и Нацрт-Одлука за прогласување на дел Малешево за заштитен пределПретставник од Министерство за животна средина и просторно планирање |
12:10-13:25 | Дискусија |
13:25 – 13:30 | Затварање на јавната расправа –
Модератор |