Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РМ (АВРМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Пехчево, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година усвоен од Владата на Република Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РМ, на ден 06.08.2018 година се објавува:
Ј А В Е Н О Г Л А С
до
крајни корисници за користење на услугите од проектот “ПОДАДЕНИ РАЦЕ – Социјална заштита за Инклузивна општина Пехчево” во рамки на
Програмата Општинско – корисна работа
- Се повикуваат сите заинтересирани граѓани од следните категории:
- стари, осамени и изнемоштени лица,
- хронично болни лица,
кои се заинтересирани да се вклучат во Програмата Општинско-корисна работа, проект “ПОДАДЕНИ РАЦЕ – Социјална заштита за ИНклузивна општина Пехчево” како ,,крајни корисници,, односно да бидат корисници на услуга –организирана посета од страна на обучени лица за помош и нега во домашни услови, да поднесат Пријава за учество.
- Работните активности кои се предвидени со проектот “ПОДАДЕНИ РАЦЕ – Социјална заштита за ИНклузивна општина Пехчево” предвидуваат социјална заштита и вклученост на старите/изнемоштени лица и поддршка на нивните секојдневни активности во насока на подобрување на нивната здравствена и хигиенска состојба.
Истите предвидуваат но не ограничуваат:
- услуги од основен пакет на медицинска заштита (мерење на крвен притисок, шекер во крвта и др.);
- консултации со матичен доктор и набавка на лекови на дневна основа;
- помош при движење и заеднички прошетки;
- набавка на продукти за исхрана и др. потреби во домаќинството;
- приготвување на топол оброк/напиток;
- поддршка во одржувањето на хигиената во домот на крајниот корисник;
- вршење на ситни работи во домаќинството (мие садови, внесува дрва за огрев и сл.);
- плаќање на сметки;
- Крајните корисници (или во нивно име друго лице) Пријави за учество во проектот “ПОДАДЕНИ РАЦЕ – Социјална заштита за ИНклузивна општина Пехчево” можат да поднесат во Општина Пехчево, Канцеларија за Локален економски развој (кај лицето Љупчо Каракашовски, Општински координатор за Програмата Општинско-корисна работа) најдоцна до 17.08.2018 година.
- Изборот на пријавените кандидати – крајни корисници ќе биде извршен во консултации со матичните доктори и претставници од МТСП, Меѓуопштински центар за социјални работи, Канцеларија за материјални давања Пехчево.
- Проектот “ПОДАДЕНИ РАЦЕ – Социјална заштита за ИНклузивна општина Пехчево” ќе се имплементира во општина Пехчево со времетраење од 6 месеци.
Детални информации за Јавниот оглас можат да се добијат во општина Пехчево кај лицето Љупчо Каракашовски, Општински координатор за Програмата Општинско-корисна работа на Тел: 033 441 321 лок. 14 и Моб: 075 467 503 и на следната интернет адреса: www.star.pehcevo.gov.mk, односно во МЦСР Берово, Канцеларија за материјални давања Пехчево кај лицето Даниела Станоевска
За повеќе информациии околу Програмата Општинско-корисна работа може да се обратите во Општина Пехчево, Центарот за вработување и/или Меѓуопштинскиот центар за социјална работа или на следните веб страни:
www.samovrabotuvanje.mk
Општинска Комисија за следење на проектот
“ПОДАДЕНИ РАЦЕ – Социјална заштита за Инклузивна општина Пехчево”