ОБЈАВА број 02/2018 (2018)
за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија
по пат на електронско јавно наддавање во општина Пехчево
ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
- Предмет на електронско јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со ЛУПД на Пехчево на м.в. Кучов Рид за фотоволтаична централа на дел од КП.БР. 2492/2 за – Општина Пехчево, донесен со одлука број 08-1141/8 од 30-07-2013 година (табела бр.1), предвидено со УПВНМ за Туристички локалитет „Равна Река “ – Општина Пехчево донесен со Одлука број 07-1426 од 6-09-2013 (табела број 2) предвидено со ДУП на Пехчево на ул.„Кадиица“ и „8 Март“ (табела број 3) согласно Табеларните прегледи во кој се дадени податоци за градежната парцела, број на катастарска парцела опфатена со градежната парцела, намена на градба, кота на венец, вкупна површина на градежната парцела, процент на изграденост, коефициент на искористеност, површина на земјиштето под градба за градење, бруто развиена површина и депозит за учество на јавно наддавање.