Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РМ (АВРМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Пехчево, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2017 година усвоен од Владата на Република Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РМ, на ден 14.09.2017 година се објавува:
Ј А В Е Н О Г Л А С
до
евидентирани невработени лица за вклучување во
Програмата Општинско – корисна работа
Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект “Нови социјални услуги во општина Пехчево II” за работно ангажирање со скратено работно време за период од 6 (шест) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување, Центар за вработување Пехчево.
Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од 6 (шест) месеци статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.
За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 6.200,00 денари, што вклучува персонален данок на доход и осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување.
Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:
√ млади лица до 29 години со ниски квалификации
√ жртви на семејно насилство
деца без родители и родителска грижа
бездомни лица
поранешни корисници на дрога
родители на деца на улица
√ самохрани родители
|
√ Роми
осудени лица по отпуштање од казнено поправна установа
√ невработени лица евидентирани во АВРМ најмалку 1 година
√ млади невработени лица евидентирани во АВРМ најмалку 6 месеци
√ родители на деца со пречки во развојот
√ родители на 3 и повеќе деца |
Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :
1. Образовен ментор | ВСС (педагог, социолог, дефектолог, психолог и др. наставни профили) | Менторирање на деца со проблеми во следењето и совладувањето на наставните содржини во ООУ ,,Ванчо Китанов,, Пехчево |
2. Образовен ментор | ВСС (педагог, социолог, дефектолог, психолог и др. наставни профили) | Менторирање на деца со проблеми во следењето и совладувањето на наставните содржини во ООУ ,,Ванчо Китанов,, Пехчево |
3. Образовен ментор | ВСС (педагог, социолог, дефектолог, психолог и др. наставни профили) | Менторирање на деца со проблеми во следењето и совладувањето на наставните содржини во ООУ ,,Ванчо Китанов,, Пехчево |
4. Образовен ментор | ВСС (педагог, социолог, дефектолог, психолог и др. наставни профили) | Менторирање на деца со проблеми во следењето и совладувањето на наставните содржини во ООУ ,,Ванчо Китанов,, Пехчево |
5. Образовен ментор | ВСС (педагог, социолог, дефектолог, психолог и др. наставни профили) | Менторирање на деца со проблеми во следењето и совладувањето на наставните содржини во ООУ ,,Ванчо Китанов,, Пехчево |
6. Технички персонал – садомијач | ССС | Се грижи за подготовката на храна, транспорт и послужување на истата и одржувањето на хигиената во просториите за подготовка на храна во објектот на детската градинка во Пехчево |
7. Технички персонал – хигиеничар | ССС | Се грижи за одржувањето на хигиената во објектот на детската градинка во с.Црник и неговата непосредна околина |
8. Координатор за донации | ССС | Ја организира работата на прибирање и распределба на донациите |
9. Едукатор за описменување | ССС | Поддршка за пишување и читање на македонски јазик за немнозинските заедници во с.Црник |
10. Едукатор за описменување | ССС | Поддршка за пишување и читање на македонски јазик за немнозинските заедници во с.Црник |
11. Едукатор за описменување | ССС | Поддршка за пишување и читање на македонски јазик за немнозинските заедници во с.Црник |
12. Асистент за нега на стари лица во домашни услови | ССС | Поддршка и помош на стари лица во домашни услови (набавка на храна, лекови и др, ситни поправки) |
13. Асистент за нега на стари лица во домашни услови | ССС | Поддршка и помош на стари лица во домашни услови (набавка на храна, лекови и др, ситни поправки) |
14. Асистент за нега на стари лица во домашни услови | ССС | Поддршка и помош на стари лица во домашни услови (набавка на храна, лекови и др, ситни поправки) |
15. Асистент за нега на стари лица во домашни услови | ССС | Поддршка и помош на стари лица во домашни услови (набавка на храна, лекови и др, ситни поправки) |
Заинтресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да подигнат и поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Пехчево во периодот од 14.09.2017 година до 20.09.2017 година.
Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Пехчево и избраните кандидати.
Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во:
Општина Пехчево – Љупчо Каракашовски, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“,
Агенција за вработување Берово, Центар за вработување Пехчево – Љупчо Димитровски, Соработник за поддршка за вработување,
Центар за социјална работа Берово, Канцеларија за материјални давања Пехчево – Даниела Станоевска, Дипл. Социјален работник