ОБЈАВА број 02/2016 (2016)
за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија
по пат на електронско јавно наддавање во општина Пехчево
ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
- 1. Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со УПВНМ за Tуристички локалитет ,,Равна Река” – Општина Пехчево, донесен со одлука број 07-1426/ од 06.09.2013 година( табела бр.1) и градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија предвидено со ДУП на Пехчево на ул. Кадиица (табела бр.2), согласно Табеларен преглед во кој се дадени податоци за градежната парцела, број на катастарска парцела опфатена со градежната парцела, намена на градба, максимална висина и катност, вкупна површина на градежната парцела, процент на изграденост, коефициент на искористеност, максимална дозволена површина за градење, бруто развиена површина и депозит за учество на јавното наддавање.