Општина Пехчево ги информира граѓаните, сопствениците на викендици и деловни објекти кои се наоѓаат на локалитетот Туристичка населба Равна Река –Пехчево опфатени со УПВНМ (урбанистичка планска документација вон населено место ) да се обратат во ЕВН КЕЦ Делчево за информација при поднесување документација за приклучок на ел.енергија до сопствените објекти. Со навременото поднесување на потребната документација се создава можност ЕВН КЕЦ Делчево да го релизира вашето барање.
Електрификацијата на овој локалитет е во завршна фаза и се очекува да заврши до крајот на септември 2016 год.