Целта на програмата „Форуми во заедницата” е да го поддржи партиципативниот развој на заедниците на локално ниво. Програмата е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а е раководена од Единицата за координација на форумите (ЕКФ) во соработка со Заедницата на единиците на локална самоуправа ЗЕЛС (повеќе информации на www.forumivozaednicata.com.mk).
Општина Пехчево ќе спроведува буџетски форум со цел партиципативно и транспарентно изготвување на буџетот на општината за 2017 година заедно со граѓаните.
За потребите на Форумот, се распишува оглас за избор на Ко-МОДЕРАТОР кој ќе биде ангажиран во времетрање од 6 месеци, 10 работни дена во текот на месецот, со флексибилно работно време.
Ко-модераторот е помошник на модераторот на форумот и раководител на оперативната група. Оперативната група е составена од 5-7 членови и е одговорна за техничката организација на сесиите.