Почитувани,
Комисијата за заштита од дискриминација, со оваа соопштение Ве инфорфмира дека на ден 11.09.2015 година со почеток од 10:00 часот во општина Пехчево (сала за состаноци при Општина Пехчево), ќе одржи отворен ден/информативна работилница.
Отворениот ден ќе се состои од два дела, односно првиот дел е презентација на информации и сознанија на Законот за спречување и заштита од дискриминација кој ќе биде наменет повеќе за претставниците на институциите на локално ниво, и втор дел од 12:30 до 15:30 часот кој ќе биде наменет за граѓаните за нивна практична едукација и комуникација.
Ве покануваме да присуствувате на презентацијата од страна претседателот на Комисијата за заштита од дискриминација – Душко Миновски, или пак, на вториот дел за практична примена на ЗСЗД, консултација, советување, разговор за случаи на дискриминација, поднесување на претставки и тн.
ДНЕВЕН РЕД
ОТВОРЕНИ ДЕНОВИ НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА СО ЕДИНИЦИТЕ НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА
(општина Пехчево, Петок, 11.09.2015, со почеток од 10:00)
10:00 -10:30 Пристигнување и евиденција на присустни
10:30 – 11:30 Презентација за Законот за спречување и заштита од дискриминација и работата на Комисијата за заштита од дискриминација
(претседател на Комисијата за заштита од дискриминација – Душко Миновски)
11:30 – 12:00 Дискусија
12:00 – 12:30 Освежување
12:30 – 15:30 Средба со граѓани