Врз основа на член 50 став 11 од Статутот на општина Пехчво (Сл. гласник на општина Пехчево бр. 04/09) и врз основа на член 6 од Правилникот за систематизација на работните места на општинската администрација општина Градоначалникот на општина Пехчево распишува:
Ј А В Е Н П О В И К
За пројавување интерес за вработување на Советник или Помлад соработник за урбанистичко планирање и одобренија за градење
Заинтересираните кандидати кои се невработени имаат завршено Архитектонски или Градежен факултет VII/1 или 240 ЕКТС со или без работно искуство а се високо мотивирани, имаат компјутерски вештини и сакаат да го надоградат своето знаење со работење во државна администрација потребно е до општина Пехчево да достават
– CV ( Лична биографија) и мотивационо писмо;
– Копија од уверение за завршено образование;
Потребните документи заинтересираните кандидати треба да ги достават на е маил marijarizovski@yahoo.com или по пошта на адреса Општина Пехчево – Градоначалник бул. Борис Кидрич бр.8 Пехчево со назнака за јавен повик за пројавување интерес. Јавниот повик трае 7 дена од денот на објавувањето(не сметајќи го и денот на објавувањето).
Лице за контакт Марија Ризовски.
Општина Пехчево
Градоначалник
Игор Поповски