По повод Новогодишните и Божиќните празници, Градоначалникот на Општина Пехчево, Александар Китански додели пакетчиња за сите дечиња од ОЈУДГ „7 Септември“ – Пехчево со желби за среќно, весело и безгрижно детство, а во знак на благодарност од градинката доби Благодарница и рачна новогодишна изработка.
Традиционално неколку години по ред новогодишните пактечиња во оваа институција се делат од страна на Дедо Мраз на новогодишната програма која е организирана од страна на градинката. За време на новогодишната програма беше весело и разиграно, а истата беше проследена и од страна на родителите. Децата се заблагодарија за подароците и ги искажаа своите желби за тоа што очекуваат да им донесе Дедо Мраз.