Врз основа на член 48 точка 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр.05/02), и член 21 алинеја 5 од Статутот на општина Пехчево (Сл. Гласник на општина Пехчево бр.03/2021), ja свикувам 16-та седница на Советот на општина Пехчево за ден 19.04.2023 година (среда). 16-та седница на советот на општина Пехчево ќе се одржи во просториите на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево, со почеток во 15:00 часот. За работа на седницата го предлагам следниот:
ДНЕВЕН РЕД
1. Усвојување на записникот од 15–та седница на советот на општина Пехчево;
2. Предлог деловник за работа на Комисија за еднакви можности на жените и мажите;
3. Предлог одлука за усвојување на годишен извештај за работењето на центарот за развој на источен плански регион за 2022 година;
4. Предлог oдлука за усвојување на годишен извештај за реализација на програмата за развој на источен плански регион за 2022 година;
5. Предлог oдлука за именување на член на управен одбор на JKП ,,Комуналец,, – Пехчево;
6. Предлог одлука за усвојување на извештај за извршен попис на парични средства на жиро сметките, благајните, побарувањата, обврските, градежните објекти, улици, патишта и опрема на општина Пехчево за 2022 година;
7. Предлог одлука за отпис и отстранување на основни средства, сопственост на општина Пехчево;
8. Барања од граѓани;
9. Советнички прашања;
ДОПОЛНУВАЊЕ НА ДНЕВЕН РЕД ЗА 16-ТА СЕДНИЦА
НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ПЕХЧЕВО
Претседател на Советот
на Општина Пехчево
ср Виолета Ѓеорѓиевска