Врз основа на член 48 точка 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр.05/02), и член 21 алинеја 5 од Статутот на општина Пехчево (Сл. Гласник на општина Пехчево бр.03/2021), ja свикувам 27-та седница на Советот на општина Пехчево за ден 27.06.2024 година (четврток). 27-та седница на советот на општина Пехчево ќе се одржи во просториите на општина Пехчево, со почеток во 15:00 часот. За работа на седницата го предлагам следниот:
ДНЕВЕН РЕД
1. Усвојување на записникот од 26-та седница на советот на општина Пехчево;
2. Предлог одлука за усвојување на измени и дополнувања на буџетот на општина Пехчево за 2024 година;
3. Предлог одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти за време на Фестивалот на дувачки оркестри Павловден 2024 година;
4. Предлог одлука за определување на начинот на распределба и цената за користење на просторот на плоштадот, за вршење на дејности за време на Фестивалот на дувачки оркестри Пехчевски Павловден – 2024;
5. Предлог одлука за давање согласност за формирање паралелки од I до IX одделение со помалку од 20 ученици во ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево и подрачните училишта за учебната 2024/2025 година;
6. Предлог одлука за давање согласност на годишен план за вработување во ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево за 2025 година;
7. Предлог одлука за давање согласност на годишен план за вработување во OУ МБ ,,Кочо Рацин,, – Пехчево за 2025 година;
8. Предлог одлука за усвојување на тримесечен извештај за финансиското работење на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за период од 01.01.2024 год. до 31.03.2024год;
9. Предлог одлука за давање согласност на Одлуката од УО на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за престанок на начинот за обештетување на граѓаните за солидарен погреб;
10. Предлог одлука за давање согласност на Одлуката од УО на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за запирање на наплата на административен надоместок за издавање одобрение за погреб;
11. Предлог одлука за давање согласност на Одлуката од УО на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за утврдување на висината на цената за работна рака;
12. Предлог одлука за давање согласност на Одлуката од УО на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за висината на цената за обновување на водоводен приклучок;
13. Предлог одлука за давање согласност на Одлуката од УО на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за наплата на извршни предмети без камата;
14. Предлог одлука за сопствено учество и одобрување на финансиски средства на Општина Пехчево во реализација на проектот – “Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти – Фаза 2” за финансирање на техничка документација за „Замена на загадувачки со помалку загадувачки систем за греење во Домот на културата „Јане Санадански“ – Пехчево;
15. Предлог одлука за утврдување на приоритет за аплицирање на Проектот на UNDP и Шведската Агенција за меѓународен развој (СИДА) „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти – Фаза 2“;
16. Предлог одлука за разрешување и именување на членови на Управен одбор во ОУ ДК Јане Сандански – Пехчево;
17. Барање од граѓани;
18. Советнички прашања;
Совет на општина Пехчево
Претседател
Виолета Ѓорѓиевска