Врз основа на член 48 точка 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр.05/02), и член 21 алинеја 5 од Статутот на општина Пехчево (Сл. Гласник на општина Пехчево бр.03/2021), ja свикувам 26-та седница на Советот на општина Пехчево за ден 22.05.2024 година (среда). 26-та седница на советот на општина Пехчево ќе се одржи во просториите на општина Пехчево, со почеток во 15:00 часот. За работа на седницата го предлагам следниот:
ДНЕВЕН РЕД
1. Усвојување на записникот од 25-та седница на советот на општина Пехчево;
2. Предлог одлука за усвојување на годишен извештај за работењето на центарот за развој на источен плански регион за 2023 година;
3. Предлог одлука за усвојување на годишен извештај за реализација на програмата за развој на источен плански регион за 2023 година;
4. Предлог програма за активностите на општина Пехчево за ревитализација по елиминирање на кризи во областа за заштита и спасување во 2024-та година;
5. Предлог одлука за донесување на Процена на загрозеност од природни непогоди, епидемии и други несреќи;
6. Предлог одлука за донесување на План за заштита и спасување од природни непогоди, епидемии и други несреќи;
7. Предлог одлука за верификација на мандати на членови на Локален младински совет на општина Пехчево;
8. Предлог одлука за формирање на општински совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и именување на членови на советот;
9. Предлог одлука за усвојување на правилник за заштита од пожари и експлозии на општина Пехчево;
10. Предлог одлука за измена на деловник за работа на советот на општина Пехчево;
11. Предлог одлука за разрешување и именување на член на Управен одбор во ЈЗУ Здравствен Дом Д-р. Иван Георгиев – Пехчево;
12. Барање од граѓани;
13. Советнички прашања;