Врз основа на член 48 точка 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр.05/02), и член 21 алинеја 5 од Статутот на општина Пехчево (Сл. Гласник на општина Пехчево бр.03/2021), ja свикувам 25-та седница на Советот на општина Пехчево за ден 15.03.2024 година (петок). 25-та седница на советот на општина Пехчево ќе се одржи во просториите на општина Пехчево, со почеток во 13:00 часот. За работа на седницата го предлагам следниот:
ДНЕВЕН РЕД
1. Усвојување на записникот од 24-та седница на советот на општина Пехчево;
2. Предлог одлука за утврдување на цените на услугите што ги дава ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево и износот на надоместокот на трошоците за престој, што паѓа на товар на родителите;
3. Предлог одлука за усвојување на финансов извештај од завршната сметка на ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево за 2023 година;
4. Предлог одлука за именување на член на надзорен одбор за контрола на материјално – финансиското работење на JKП ,,Комуналец,, – Пехчево;
5. Предлог одлука за усвојување на финансов извештај од завршната сметка на OУ ДК ,,Јане Сандански,, – Пехчево за 2023 година;
6. Предлог одлука за давање на мислење за реализација на годишната програма за изведување на ученички екскурзии, излети и други слободни активности за ученици од 3, 6 и 9 одделение во ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево за учебната 2023/2024 година;
7. Предлог одлука за утврдување на предлог за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу општина Пехчево и општина Берово– овластен градежен инспектор;
8. Предлог одлука за утврдување на предлог за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу општина Пехчево и општина Берово – помлад инспектор за животна средина;
9. Предлог деловник за работа на советот на општина Пехчево;
10. Предлог одлука за усвојување на Деловник за работа на oпштинскиот совет за превенција на детско престапништво на oпштина Пехчево;
11. Предлог одлука за усвојување на Програма со акциски план за спроведување на активности за превенција на детско престапништво за 2024 година;
12. Предлог одлука за усвојување на дванаесетмесечен извештај за финансиското работење на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево од 01.01.2023 до 31.12.2023 година;
13. Предлог одлука за усвојување на Завршната сметка на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за 2023 година;
14. Предлог одлука за усвојување на Извештај за извршени работи во ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за период јануари – декември 2023 година;
15. Предлог одлука за усвојување на полугодишен извештај за работа на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево за учебната 2023/2024 година;
16. Предлог одлука за усвојување на Завршната сметка на OOУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево за 2023 година;
17. Предлог одлука за усвојување на Завршната сметка на ОУ МБ ,,Кочо Рацин,, – Пехчево за 2023 година;
18. Предлог одлука за усвојување на Кварталeн извештај за извршување на буџетот на општина Пехчево за период од 01.01.2023 година до 31.12.2023 година;
19. Предлог одлука за усвојување на Годишен финансиски извештај од работењето на општина Пехчево за 2023 година;
20. Предлог одлука за усвојување на Завршната сметка на општина Пехчево за 2023 година;
21. Предлог одлука за усвојување на извештај за извршен попис на парични средства на жиро сметките, благајните, побарувањата, обврските, градежните објекти, улици, патишта и опрема на општина Пехчево за 2023 година;
22. Предлог одлука за усвојување на Завршната сметка на ЈПУД ,,Равен,, – Пехчево за 2023 година;
23. Барање од граѓани;
24. Советнички прашања
Совет на Општина Пехчево
Претседател
ср. Виолета Ѓорѓиевска