Врз основа на член 48 точка 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр.05/02), и член 21 алинеја 5 од Статутот на општина Пехчево (Сл. Гласник на општина Пехчево бр.03/2021), ja свикувам 22-та седница на Советот на општина Пехчево за ден 21.12.2023 година (четврток). 22-та седница на советот на општина Пехчево ќе се одржи во просториите на општина Пехчево, со почеток во 15:00 часот. За работа на седницата го предлагам следниот:
ДНЕВЕН РЕД
1. Усвојување на записникот од 21-та седница на советот на општина Пехчево;
2. Предлог одлука за усвојување на финансиски извештај за фестивалот на дувачки оркестри Пехчевски павловден 2023 година;
3. Предлог одлука за усвојување на измени на годишен план за вработување во општина Пехчево за 2024 година;
4. Предлог одлука за усвојување на годишен извештај за финансирање на проекти од областа на културата на општина Пехчево за 2023 година;
5. Предлог одлука за усвојување на годишен извештај за реализирани активности од програмата за здравствена и социјална заштита на општина Пехчево за 2023 година;
6. Предлог одлука за усвојување на годишен извештај за програмата за ЛЕР на општина Пехчево за 2023 година;
7. Предлог програма за активностите на општина Пехчево во областа на туризмот за 2024 година;
8. Предлог одлука за именување на член на управен одбор за контрола на материјално – финансиското работење на JKП ,,Комуналец,, – Пехчево;
9. Предлог за распишување на јавен повик за пријавување на лица за членови на надзорен одбор во ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;
10. Предлог одлука за утврдување на цените на услугите што ги дава ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево и износот на надоместокот на трошоците за престој, што паѓа на товар на родителите;
11. Предлог одлука за верификација на мандати на членови на Локален младински совет на општина Пехчево;
12. Предлог одлука за користење на просторот пред деловните простории за вршење на дејност и одредување на минимална површина за фрижидери пред деловните објекти;
13. Предлог одлука за користење на улиците со патнички, товарни моторни возила, автобуси, специјални возила и мотоцикли;
14. Предлог одлука за плаќање на фирмарина, односно назив на деловна просторија;
15. Предлог одлука за утврдување на зони за утврдување на пазарна вредност на недвижен имот, утврдување на пазарна вредност на градежно земјиште за град Пехчево и населените места во општина Пехчево и утврдување на пазарна вредност на недвижности и права на земјоделско земјиште;
16. Предлог одлука за определување на дефицитарни занимања и занаети во изумирања на територијата на општина Пехчево;
17. Предлог одлука за утврдување на висината на стапката на данок на имот;
18. Предлог одлука за утврдување на висината на стапката на данок на наследство и подарок;
19. Предлог одлука за утврдување на висината на стапка на данок на промет на недвижности;
20. Предлог програма за управување со отпад на општина Пехчево за 2024 година;
21. Предлог програма за работа на општински комунален инспектор на општина Пехчево за 2024 година;
22. Предлог програма за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрирани кучиња за 2024 година;
23. Предлог програма за одржување на јавно зеленило на подрачјето на општина Пехчево за 2024 година;
24. Предлог програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево за 2024 година;
25. Предлог програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести на подрачјето на општина Пехчево, за 2024 година;
26. Предлог одлука за усвојување на програма за работа на Доброволно противпожарно друштво – Пехчево, за 2024 година;
27. Предлог одлука за давање на користење недвижна ствар на Oрганизација ЖЕНА Делчево;
28. Предлог одлука за усвојување на годишен извештај за работа на ОУ МБ ,,Кочо Рацин,, – Пехчево за 2023 година;
29. Предлог одлука за усвојување на програма за работа на ОУ МБ ,,Кочо Рацин,, – Пехчево за 2024 година;
30. Предлог одлука за усвојување на Статут на ЗЈПРУО ЕКО ИСТОК – СЕВЕРОИСТОК Свети Николе;
31. Предлог одлука за утврдување на висината на надоместокот на членовите на управен и надзорен одбор на ЗЈПРУО ЕКО ИСТОК – СЕВЕРОИСТОК Свети Николе;
32. Предлог одлука за усвојување на Буџетот на општина Пехчево за 2024 година;
33. Предлог одлука за извршување на Буџетот на општина Пехчево за 2024 година;
34. Предлог одлука за утврдување на вредност на бодот на платите на државните службеници за 2024 година;
35. Предлог одлука за утврдување на висината на благајничкиот максимум за 2024 година;
36. Буџетски календар за подготовка и донесување на Буџетот на општина Пехчево за 2024 година;
37. Советнички прашања;
38. Тековни активности;