Врз основа на член 48 точка 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр.05/02), и член 21 алинеја 5 од Статутот на општина Пехчево (Сл. Гласник на општина Пехчево бр.03/2021), ja свикувам 20-тата седница на Советот на општина Пехчево за ден 26.10.2023 година (четврток). 20-тата седница на советот на општина Пехчево ќе се одржи во просториите на општина Пехчево, со почеток во 15:00 часот. За работа на седницата го предлагам следниот:
ДНЕВЕН РЕД
1. Предлог одлука за усвојување на измени и дополнувања на буџетот на општина Пехчево за 2023 година (ребаланс);
2. Предлог за распишување на јавен повик за пријавување на лица за членови на управен и надзорен одбор во ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;
3. Предлог одлука за усвојување на шестмесечен извештај за финансиското работење на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;
4. Предлог одлука за усвојување на извештај за извршени работи во ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;
5. Предлог oдлука за усвојување на годишен план за вработување во ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за 2024 година;
6. Предлог одлука за престанок со работа на ПУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево во с.Умлена, општина Пехчево;
7. Предлог одлука за усвојување на измени на ценовник за извршување на услуги и работи од страна на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;
8. Предлог одлука за давање согласност на Одлуката од УО на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за зголемување на основната бруто плата на вработените во претпријатието;
9. Предлог одлука за промена на Годишната програма за еднакви можности меѓу мажите и жените на Општина Пехчево за 2023 година;
10. Предлог одлука за висината на цената за собирање и транспортирање на комунален отпад од вилите на туристичкиот локалитет Равна Река – Пехчево;
11. Предлог одлука за утврдување на условите, начинот и шемите за собирање и транспортирање на комунален отпад на подрачјето на општина Пехчево;
12. Предлог oдлука за формирање на Комисија за објекти кога постои опасност од уривање;
13. Предлог oдлука за разрешување и именување на членови на Управен одбор во ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево;
14. Барања од граѓани;
15. Советнички прашања;
16. Тековни активности;
Претседател