Врз основа на член 48 точка 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр.05/02), и член 21 алинеја 5 од Статутот на општина Пехчево (Сл. Гласник на општина Пехчево бр.03/2021), ja свикувам 19-тата седница на Советот на општина Пехчево за ден 21.08.2022 година (понеделник). 19-тата седница на советот на општина Пехчево ќе се одржи во просториите на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево, со почеток во 15:00 часот. За работа на седницата го предлагам следниот:
ДНЕВЕН РЕД
1. Усвојување на записникот од 18-та седница на советот на општина Пехчево;
2. Предлог одлука за давање согласност за формирање паралелки од I до IX одделение со помалку од 20 ученици во ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево и подрачните училишта за учебната 2023/2024 година;
3. Предлог одлука за усвојување на годишен извештај за работа на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево за учебната 2022-2023 година;
4. Предлог одлука за усвојување на годишна програма за работа на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево за учебната 2023-2024 година;
5. Предлог одлука за усвојување на извештај од самоевалуација на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево за учебна 2022 2023 година;
6. Предлог одлука за усвојување на измена на Годишен план за вработување во JKП ,,Комуналец,, – Пехчево за 2023 година;
7. Предлог одлука за усвојување на годишен извештај за работа на ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево за 2022/2023 година;
8. Предлог одлука за усвојување на Програма за работа на ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево за 2023/2024 година;
9. Предлог одлука за утврдување на почетокот и завршетокот на работното време на ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево;
10. Предлог одлука за давање согласност за формирање на возрасни групи со повеќе или помалку деца во ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево за воспитната 2023-2024 година;
11. Предлог одлука за ослободување од партиципација на ромски деца во социјален ризик за престој во ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево за воспитната 2023-2024 година;
12. Предлог одлука за доделување на благодарници по повод ,,7-ми Септември”- Денот на ослободувањето на Пехчево за 2023 година;
13. Предлог одлука за усвојување на Годишен план за вработување во ОУ ДК ,,Јане Сандански,, – Пехчево за 2024 година;
14. Предлог за распишување на јавен повик за пријавување на лица за членови на управен и надзорен одбор во ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;
15. Предлог одлука за усвојување на Годишен план за вработување во општина Пехчево за 2024 година;
16. Барања од граѓани;
17. Советнички прашања;
18. Тековни активности;