7 Септември Печати
Напишано од Admin   
Вторник, 02 Ноември 2010 14:03

7  Септември

На 7 септември секоја година, со свечена седница на Советот на општината и богата културно уметничка програма Пехчево ја прославува годишнината од ослободувањето, кога борците на 4-та Македонска народноослободителна бригада во раните утрински часови го ослободиле Пехчево прогонувајќи го фашистичкиот окупатор.

Во денешно време, кога го славиме овој наш јубилеен празник значајно ги  одбележуваме и другите светли дати од нашата поблиска и подалечна историја.

 Имено нашиот празник се совпаѓа и со 6 годишнината од одржувањето на првото заседание на АСНОМ кое на 2 август 1944г се одржа во манастирот свети отец Прохор Пчински, каде се удрени темелите на првата слободна македонска држава, а имаме и годишнина  од Илинденското востание кога е создадена Крушевската република прва на балканот, која претставува најсилна потврда за виталноста на македонскиот народ и цврстина во истрајноста против сите внатрешни и надворешни непријатели.

Светата слобода што дојде пред 65 години широко ги отвори вратите за развој на нови зафати и продолжување на револуцијата, но најнапред за обнова на се што беше срушено.

Прославувајќи  годишниот јубилеј на слободен живот и растеж причинува посебно задоволство да се направи осврт и да се зборува за она што граѓаните на Пехчево и околните населби успеале да направат и постигнат за овие години.