4-та Седница на Советот за развој на Источно плански регион Печати
Напишано од Живко Каликов   
Вторник, 23 Јули 2013 10:58


Советот за развој на Источниот регион, утре 24.07.2013 година во општина Пехчево, ресторан Тропик, со почеток во 14 часот, ќе ја одржи 4-тата Седница на Советот за развој на Источно плански регион, на која ќе се утврдува приоритетна листа на регионални предлог - проекти за пристап во ГИЗ РЕД Систем за грантови врз основа на успешноста на работењето ( PBGs ) за периодот 2013-2014 година, ќе се утврдува Годишната листа на Предлог - Проекти за развој на Источниот плански регион за 2014 година, Предлог - Програма за организирање на регионални натпревари по наставни предмети за ученици од средното и основното образование од општините од ИПР и Информација во врска со имплементација на Проект ,, Превенција од насилство и малолетничка деликвенција ’’.



Дневен ред на IV та Седница на Советот за развој на Источно плански регион:


1. Усвојување на записникот од Третата Седница на Советот за развој на Источен плански регион, одржана на ден 25.06.2013 година во општина Штип;

2. Утврдување на Приоритетна Листа на регионални предлог-проекти за пристап во ГИЗ РЕД Систем за грантови врз основа на успешноста на работењето (PBGs) за периодот 2013-2014 година;

3. Утврдување на Годишна листа на Предлог - Проекти за развој на Источниот плански регион за 2014 година;

4. Предлог-Програма за организирање на регионални натправари по наставни предмети за ученици од средното и основното образование од општините од ИПР;

5. Информација во врска со имплементација на Проект ”Превенција од насилство и малолетничка деликвенција”;

6. Разно