Информација до граѓаните на општина Пехчево Print
Written by Admin   
Monday, 15 July 2013 17:23
There are no translations available.


ИНФОРМАЦИЈА ДО ГРАЃАНИТЕ ВО ВРСКА СО ПРЕТСТОЈНАТА ПРВА ФАЗА ОД ПРЕВЕНТИВНА СИСТЕМАТСКА ДЕЗИНСЕКЦИЈА ЗА УНИШТУВАЊЕ НА КОМАРЦИТЕ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА ПЕХЧЕВО

Согласно Законот за Заштита на населението од заразни болести и препораките на Министерството за здравство на РМ, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Пехчево за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на Општина Пехчево, како општа противепидемијска мерка, ЈЗУ Центар за јавно здравје -Битола го издава следново соопштение:

Се известуваат жителите на подрачјето на Општина ПЕХЧЕВО дека на ден 15.07.2013 (ПОНЕДЕЛНИК) екипи на Центарот за јавно здравје-Битола ќе ја спроведуваат ПРВАТА ФАЗА од теристичката (од земја) дезинсекција со цел уништување на комарците. Запрашувањето ќе се врши во периодот после 22.00 часот, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило, со предходница од друго возило означено со ротационо светло. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општината, подрачјата по течението на реките и водотоците, подрачјата околу каналниот систем на територијата на Општина Пехчево, локалитети со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата.

Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги преземат соодветните мерки за заштита на пчелите.

Во случај на појава на неповолни временски услови( ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центарот за јавно здравје Битола е 208-100, 208-101.