Започна изградбата на мултинаменското игралиште во Пехчево Print
Written by Живко Каликов   
Tuesday, 02 July 2013 11:48
There are no translations available.


Жителите на Пехчево ќе добијат ново мултинаменско игралиште, како дел од програмата на Агенцијата за млади и спорт ,, Изградба на 100 игралишта ’’.

Оваа локација е многу важна, бидејќи станува збор за општина во развој. Од друга страна, учениците, децата имаат потреба од спортско игралиште, заради што општината брза истото да биде готово што побргу. Игралиштето ќе биде наменето за фудбал, ракомет и за кошарка. До крајот на месец јули, игралиштето ќе биде асфалтирано, оградено и осветлено. 

,, Локалната самоуправа со изградба на спортско рекреативни центри и мултинаменски игралишта, заеднички и несебично се посветуваме на активностите на младите, на нивната сигурна и здрава иднина ’’, истакна градоначалникот, Игор Поповски.

Целокупниот фонд на проектот изнесува околу 2 милиони денари, додека инвеститор е Агенцијата за млади и спорт, а изведувач е ПСТ холдинг.