Одржан првиот состанок со работни групи од проектот на УСАИД Print
Written by Живко Каликов   
Monday, 01 July 2013 10:48
There are no translations available.


Во просториите на ресторан Тропик - Пехчево, се одржа првиот состанок со работни групи од проектот на УСАИД за Општински стратегии за климатски промени. Овој проект го спроведува Милиеуконтакт Македонија во партнерство со Центарот за лековити билки и шумски плодови ,, Амброзија ’’ и општина Пехчево.

Целта на овој состанок беа чекор 3 и чекор 4 од Процесот на зелената агенда - Утврдување на функции на вредностите и Утврдување на тенденциите ( трендовите ) на функциите на вредностите, кои што всушност претставуваат анализа на состојбата во заедницата.

Се работеше во четири групи. Групи кои всушност, претставуваат четири области од вредностите кои што беа дефинирани на првиот јавен собир за изготвување на локална стратегија за климатски промени. Група ,, Шуми ’’, група ,, Водни ресурси ’’, група ,, Земјоделство и рурален развој ’’ и група ,, Енергетска ефикасност ’’.