Документи за издавање на одобрение за градење по електронски пат Print
Written by Живко Каликов   
Wednesday, 19 June 2013 11:37
There are no translations available.


Системот за електронско издавање на дозволи за градење има за цел да го олесни процесот на издавање на одобренија за градба. Преку истиот е овозможено следење на целокупниот процес на издавање на одобренија, преку управување до процесот и потребните чекори, документи, проследување до надлежните институции и сектори, а сето тоа со запазување на законските рокови и надлежности. Процесот го опфаќа целиот циклус од поднесување на барање до издавање на одобрение за градба, како за категорија 1 на градби на државно ниво, така и на ниво на секоја општина за градба од категорија 2.

Со користење на Системот ќе биде овозможена подобра евиденција и преглед на новите барања и оние кои се завршени, поголема контрола на целиот процес, транспарентност во секое ниво од процесот на барањата, зголемување на ефикасноста во работењето, зголемување на продуктивноста и капацитетот за процесирање на барања, увид во запазување на роковите и дигитално поврзување со општините.

Со помош на ова упатство ќе се обидеме на едноставен и прегледен начин да ве воведеме во постапката на изразување на мислење од процесот на издавање на електронски одобренија за градење, со цел понатамошно користење на придобивките кои истиот ги нуди.

 Правилник за начинот на спроведување на постапката за добивање на одобрение за градење на електронски начин.          

 Правилник за изменување и дополнување на правилникот за содржината на проектите, означувањето на проектот, начинот на заверка на проектот од страна на одговорните лица и начинот на користење на електронските записи.                            

     

 Електронски дозволи - упатство за подносители.

     

Електронски дозволи - упатство за институции.

     

За да пристапите на почетната страна на Системот за електронско издавање на одобрение за градење, потребно е да ја внесете следната адреса во веб прелистувачот.