Санација на ударните дупки низ улиците во Пехчево Печати
Напишано од Живко Каликов   
Среда, 19 Јуни 2013 10:54


Во тек е санација на најоштетените дупки низ улиците во Пехчево. Сите улици се санираат благодарение на залагањето на градоначалникот на општина Пехчево, Игор Поповски.

Активностите на терен ги спроведува екипа ангажирана од локалната самоуправа.

,, Започнавме да ги санираме сите дупки по улиците во Пехчево со бехатон плочки, а потоа ќе настојуваме овие активности да ги прошириме со реконструкција и на регионалните патни правци ’’, вели градоначалникот на општина Пехчево, Игор Поповски.

Оваа акција на општината беше добро прифатена од месното население бидејќи, во последните неколку години немало санирање на оштетените површини од ваков обем, низ целиот град.

После завршувањето на тие активности, предвидено е и санирање на дупките на регионалниот патен правец Берово - Пехчево - Делчево, согласно програмата на Агенцијата за државни патишта.