Градежната офанзива во Пехчево продолжува Печати
Напишано од Живко Каликов   
Среда, 12 Јуни 2013 11:11


Продолжуваат градежните активности за уредување и асфалтирање на неколку помали улици во Пехчево, што ќе придонесе за урбанизација на овој простор.

Завршени се градежните работи на пешачката улица која ги поврзува булеварот Борис Кидриќ и ул. Киро Медарски. Улицата е во должина од 40 метри и ширина од 3,5 метри, уредена е со бехатон плочки, додека средствата за изградба се обезбедени од буџетот на општината предвидени со годишната програма за оддржување на патната мрежа во градот.

,, Не запираме тука, во наредниот период ќе бетонираме и уредуваме уште. Задоволни сме од квалитетот и изработката на улиците, а уште позадоволни сме затоа што овие граѓани кои живеат тука, но и тие што поминуваат отсега тоа ќе го прават по уредена улица. Според планот, за овој период предвидено е уредување на централното градско подрчје, санација на ударните дупки во Пехчево и изградба на повеќе улици и патеки со бехатон плочки ’’, истакна градоначалникот Поповски.