Заврши изградбата на локалниот пат Пехчево - Негрево Print
Written by Живко Каликов   
Tuesday, 11 June 2013 11:05
There are no translations available.


Во должина од 1594 m и ширина од 3,5 m, завршена е целосната реконструкција на локалниот пат на потегот од регионалниот пат R 523 Пехчево - Делчево, кон селото Негрево.

Извршено е проширување и поставена е нова асфалтна лента, која според проектираните параметри станува збор за поставување на асфалтен слој БНС 16-А во должина од 1594 метри, со ширина од 3,5 метри, изградба на банкини од двете страни на коловозот и канавки за прифаќање на атмосферските води.

Вредноста на целокупниот проект изнесува 4.128.302 денари, а овие средства од страна на општина Пехчево се обезбедени од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), во рамките на Проектот за рехабилитација и подобрување на локалните патишта. Изведувач е компанијата Алпине Бау.

,, Најдовме начин да го реконструираме, да го асфалтираме овој локален пат кој е од огромно значење на жителите на ова село, кои секојдневно го користат истиот во рамки на нивните дневни обврски и активности како и во однос на заживувањето на ова село кое во изминатиот период константно се соочува со намалување на популацијата. Се работи за една врска во должина од повеќе од 1 километар. За реконструкција на овие патишта се обезбедени средства преку фондовите на Европска банка за обнова и развој. Планираме да изградиме патишта и да инвестираме и во идниот период во сите села затоа што тоа многу го подобрува животот на мештаните, затоа што без патна инфраструктура им се отежнува комуникацијата како и реализацијата на планираните активности во градот “, истакна градоначалникот на општина Пехчево, Игор Поповски.