Кока Кола - Куп во Пехчево Print
Written by Живко Каликов   
Monday, 10 June 2013 12:20
There are no translations available.


На иницијатива на организацијата Отворена забавна фудбалска школа - Скопје, во спортската сала Јане Сандански - Пехчево, се одржа турнир на кој силите ги одмерија тимови од седмите и осмите одделенија од ООУ ,, Ванчо Китанов ’’ - Пехчево.

По повод завршувањето на школската 2012/13 година, ООУ ,, Ванчо Китанов ’’ - Пехчево и организацијата Забавни фудбалски школи, организираа фудбалски турнир Кока Кола - Куп.

На турнирот екипите од двете одделенија се натпреваруваа во машка и во женска конкуренција. Победничките екипи добија награди фудбалски топки, а сите учесници добија фудбалски комплет со логото на Кока Кола.

На спортските натпревари присуствуваше и градоначалникот на општина Пехчево, Игор Поповски.

,, Максимално ги поддржуваме, ќе ги поддружуваме и во иднина сите организации, сите луѓе кои што се вклучени во спортот, со цел да направиме, максимални услови спортот да биде број еден во нашата општина. Кога има таленти кои во такви услови можат да бидат одлични и перфектни, тогаш со поголема поддршка од Локалната самоуправа би биле исклучителни. Ќе го поддржиме и професионалниот спорт и одиме на санација и реконструкција на објектите. До крајот на месец јули, мултинаменското игралиште кое е во склоп на ООУ ,, Ванчо Китанов ’’, ќе биде асфалтирано, оградено и осветлено ’’, истакна градоначалникот Поповски.