Децата од ООУ ,, Ванчо Китанов ’’ - Пехчево, во посета на Локалната самоуправа Print
Written by Живко Каликов   
Tuesday, 28 May 2013 10:44
There are no translations available.


Целта на средбата беше воведување на учениците во општествениот и социјалниот живот и градење на здрава единка за во иднина.

ООУ ,, Ванчо Китанов ’’ во својата наставна програма има и изучување на работата на Локалната самоуправа, а тоа беше повод околу 20 тина ученици од V одделение предводени од наставничката Оливера Кратевска и директорката Валентина Станоевска да ја посетат општината.

Топло добредојде им посака градоначалникот Игор Поповски. За време на средбата градоначалникот им одговори на децата на сите интересни прашања за плановите на општината во однос на нејзиното урбанистичко уредување, изградба на детски игралишта за потребите на децата и проекти кои ги планира општината за спроведување на најмладите. Тие исто така се запознаа со работата на градоначалникот, општинската администрација и Советот на општината.

Градоначалникот им упати порака на најмладите : Да се развиваат во позитивни личности и секогаш да бидат ведри, насмеани и послушни дечиња и што повеќе да го минуваат слободното време во дружење и спортување.

Во знак на сеќавање на оваа несекојдневна средба, децата на градоначалникот му подарија ,, Спомен книга за Пехчево ’’, изработена од учениците.