Матурантите блескаа низ центарот на Пехчево Печати
Напишано од Живко Каликов   
Понеделник, 20 Мај 2013 12:07


Матурантите од Пехчево, ја прославија својата матурска вечер. Тие продефилираа по булеварот до градскиот плоштад, пленејќи со својата убавина, беа поздравени од огромниот број на граѓани кои излегоа на улиците да им оддадат почит. 

На плоштадот од страна на општината, беше организирана пригодна манифестација, на која матурантите ги поздрави, градоначалникот Игор Поповски и им посака успех како при полагањето на државната матура, така и при уписите на факултетите, ги мотивираше да го продолжат своето образование, да бидат достоинствени и храбри да се соочат со предизвиците кои секогаш стојат пред човекот.

После обраќањето на градоначалникот, матурантите танцуваа валцер, а потоа се упатија во ресторанот и ја започнаа големата забава.