Кампања ,, За да не потонеме во ѓубре со нови правила почнуваме од утре ’’ Печати
Напишано од Живко Каликов   
Петок, 17 Мај 2013 07:29


Во рамките на реализација на програмата ,, Еколошка едукација во македонскиот образовен систем ’’, детската градинка ,, 7 Септември’’, во соработка со општинското основно училиште ,, Ванчо Китанов ’’ и Општина Пехчево, во дворот на градинката се реализираа еколошки едукативни содржини во рамките на кампањата насловена ,, За да не потонеме во ѓубре, со нови правила почнуваме од утре ’’.

Кампањата ја спроведува Министерството за образование и наука, во соработка со Здружението на граѓани ОХО, а детската градинка ,, 7 Септември ’’, ја имплементираа во својата Програма за работа и изминатиот период работеа на спроведување на низа еколошки активности.

Програмата има за цел да ја развие еколошката свест кај децата уште од најрана возраст, здрава и чиста околина, која е важен предуслов за правилен раст и развој на децата, а исто така овој настан е насочен кон подигање на свеста за голем број на еколошки теми, на кои децата преку еко - песнички, еко - стихотворби и игри, пренесоја еко - пораки до присутните гости  и гледачи.

Беше организирана и изложба на изработките од материјали кои претходно во воспитни групи се реализираа креативни работилници, на кои децата заедно со своите родители изработуваа по сопствена замисла и идеја: форми, облици и други изработки по пат на рециклирање и преобликување на предмети од секојдневната употреба.