Соопштение - Посета на месните заедници Print
Written by Живко Каликов   
Monday, 13 May 2013 14:01
There are no translations available.


Градоначалникот на Општина Пехчево, Игор Поповски на ден 14.05.2013 година, ( вторник ), ќе ги посети месните заедници Робово, Умлена и Чифлик.

Граѓаните ќе имаат можност непосредно да се запознаат со проектите кои општината во иднина планира да ги реализира во овие населби, но и да ги слушне градоначалникот проблемите и потребите од граѓаните, со цел подобрување на животниот стандард на граѓаните, развој на економијата и создавање поволна бизнис клима, решавање на комунални и инфраструктурни проблеми, поквалитетно образование, социјална заштита и здравство, со средства предвидени за 2013 - 2014 година.



АГЕНДА


17:00 часот - Посета на месната заедница Робово

18:30 часот - Посета на месната заедница Умлена

20:00 часот - Посета на месната заедница Чифлик