Градоначалникот Поповски со честитки по повод Денот на полицијата Печати
Напишано од Живко Каликов   
Вторник, 07 Мај 2013 11:02

По повод денешниот ден на полицијата, градоначалникот на општина Пехчево Игор Поповски, ја посети полициската станица во Берово и Пехчево и на полициските службеници им го честиташе денешниот ден.

,, Одлуката што сте ја донеле да им служите и да ги штитите граѓаните е одговорност, но и израз на голема храброст, која надополнета со љубовта кон татковината ве прави херои. Вие имате потполно право да се чувствувате достоинствено. Не само заради тоа што денеска е вашиот ден, туку заради пожртвуваноста и професионализмот со кој одговарате на сите предизвици, ставајќи се целосно во служба на граѓаните. Граѓаните,се свесни дека со вашата посветеност на чувањето на редот и законот, ја чувате слободата и демократијата и знаат да го ценат ризикот со кој се соочувате.

Ви го честитам денот на Македонската полиција на сите вработени во Министерството за внатрешни работи. Примете ја мојата почит. Бидете горди на тоа што сте и тоа што го работите ‘‘, стои во честитката од градоначалникот на општина Пехчево, Игор Поповски.