Турнир во мал фудбал одржан во Пехчево Print
Written by Живко Каликов   
Tuesday, 07 May 2013 10:36
There are no translations available.


Под покровителство на Општина Пехчево, во спортската сала ,, Јане Сандански ‘‘ - Пехчево, се одржа турнир во мал фудбал, кој е од посебен интерес за градот и привлече огромно внимание.


На турнирот се собраа сите љубители на фудбалот. Беа пријавени 22 екипи, кои покажаа доста атрактивен и непредвидлив фудбал, интересен за око, кој беше неизвесен до самиот крај. Двата тима кои останаа да се натпреваруваат во финалето се ,, Шопо ‘‘ од Делчево и ,, Патриот ‘‘ од село Панчарево - Пехчево, кои во финалната битка ги одмерија силите и завршија со резултат 1:1, а на пенали победи ,, Шопо ‘‘ од Делчево.

,, Спортот ги обединува луѓето без разлика на која раса и нација им припаѓаме. Овој денешен настан е од посебен интерес на градот, привлече доста внимание и голем број на посетители и натпреварувачи од цела Македонија. Ова е дел од афирмацијата на програмата за спортско - културните содржини во општината. Ваквите натпревари се од големо значење затоа што придонесуваат за размена на искуства и знаења за спортот. Ќе имаме интересни натпревари, нека победат најдобрите ‘‘, истакна градоначалникот Поповски.

По завршувањето на турнирот беа доделени награди и дресови за најдобрите.