Среќни Велигденски празници Печати
Напишано од Живко Каликов   
Четврток, 02 Мај 2013 12:39


Велигден е празник кој духовно е најзначаен за нас и затоа со посебно чувство го доживуваме. Колку ни се подлабоки чувствата, толку и ние сме духовно посилни. Со секој Велигден ние добиваме невидлива моќ која нашите посакувани желби ги претвора во реалност. Среќата е во верувањето, и колку повеќе веруваме толку сме и посреќни. Верувајте секогаш и бидете среќни секогаш.


,, Ви посакувам Велигден да го поминете во среќа и благосостојба, опкружени од своите најблиски и исполнети со верба и безмерна радост поради Христовата победа над смртта. Велигден како празник на светлината е убава можност, поткрепени од божјата милост, да работиме на нашата духовност, грижа и љубов за другите. Христовата жртва за човештвото нека биде патоказ за добродетелство, меѓусебно помагање и споделување со сите наши сограѓани без разлика на нивната етничка и верска припадност. Велигден е празник на победата на правдата над насилството. Празник на вечната верба и надеж. Нека е честит празникот и за многу години. Христос воскресна! Навистина воскресна!‘‘, стои во честитката од градоначалникот на општина Пехчево Игор Поповски.